Младите кошаркари од основните училишта од Охрид, пред почетокот на натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Литванија, синоќа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ играа стрит-баскет. Тие беа дел од загревањето пред масовното следење на кошаркарскиот натпревар меѓу двете репрезентации.
Младите кошаркари кои беа дел од спортско-забавниот хепенинг „Заедно да навиваме за Македонија“ рекоа дека нивните постигнати кошеви ќе бидат поени за македонската кошаркарска репрезентација.