Египетски и сириски криумчари на дрога го запалиле сопствениот брод со 30 тони хашиш, бидејќи ги пресретнала крајбрежната стража, соопшти италијанската полиција.
Полицијата пред три дена добила дојава за голема пратка на дрога која се наоѓа во Средоземното Море. Станува збор за бродот „Gold star“, регистриран во Танзанија.
Девет членови на екипажот, државјани на Египет и Сирија, го запалиле бродот и го уништиле товарот, а потоа скокнале во морето.
Криумчарите откако биле извлечени од вода биле уапсени, додека пак пожарот бил изгаснат после неколку часа.