Турската војска заплени повеќе од 10 тони канабис во една операција на југоистокот од Турција. Околу 500 припадници на турските безбедносни сили и 25 тимови на турската жандармерија и полиција учествувале во акцијата во покраината Дијарбакир.
Ова е најголема операција во борбата против наркотиците, изведена последните години во Турција. Инаку Турција е позната како раскрсница за трговците со дрога, од Азија и Блискиот исток до Европа.