Мировен марш по повод Меѓународниот Ден на мирот, 21 септември

Во 2001 година Генералното собрание на Обединетите нации донесе Резолуција со која се покануваат сите држави членки на Обединетите нации, регионални и невладини организации и индивидуи да го одбележат на соодветен начин Меѓународниот Ден на мирот, вклучувајќи ја тука воспитната и јавната свест, во иднина да се прославува 21 септември како Светски Ден на мирот и глобален прекин на огнот и насилството и истиот да претставува покана до сите нации и луѓе да го одбележат и да прекинат со насилствата за време на траењето на тој ден.

 Централниот настан ќе се одржи во Штабот на ООН во Њујорк. На церемонијален начин со звоно генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун ќе даде знак за едноминутно молчење точно во 12:00 часот, во присуство на достоинственици од целиот свет кога ќе ги потсетат членките на ООН и меѓународната заедница за важноста на настанот и потребата да се одбележи овој ден на соодветен начин.

 Светската федерација на ветераните овој ден го промовира во светски Марш што се одржува насекаде во светот под мотото –  „Ветераните чекорат за мир“.

 СБМ како членка на светската федерација на ветераните 5-та година е носител и организатор на овој Марш на мирот во нашата земја.

 Овој проект е поддржан од Владата на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

 Ден за одбележување: (петок) 20 септември 2013 година.

 Одбележувањето ќе се изврши на централно ниво во Скопје и на регионално ниво во сите градови на РМ.

П Р О Г Р А М А – О Х Р И Д

 Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата (стара дирекција на „Гранит“), во 11:00 часот на 20 септември 2013 година (петок).

 Централно место на прославата во Охрид ќе биде na плоштадот Св.Климент Охридски. 

  1. Положување свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.

 2. Химна на Република Македонија.

 3. Обраќање на претседателот на СБ Охрид Гоце Георгиески.

 4. Се чита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун.

 5. Културно-уметничка програма.

У Ч Е С Н И Ц И

1. Градоначалниците на општините Охрид и Дебарца 

2. Претседателите на Советите и советниците на двете општини 

3. Организацијата на СБ од Охрид и Дебарца

4. Пратеници во Собрание на РМ

5. СВР – Охрид

6. Здруженије на ветераните од одбраната и безбедноста од Охрид

7. Здружението на резервните воени старешини од Охрид

8. Здружението на пензионери Охрид и Дебарца

9. Организациите на жени од Охрид

10. Јавни претпријатија од Градот

11. Регионален Синдикат – Охрид и Дебарца

12. НВО од Охрид

13 .Политичките партии од Охрид

14. Познати културни, општествени и спортски работници од Охрид

15. Здружението на новинари од Охрид

16. Студенската организација 

17. Средните и Основните училишта од градот Охрид

18. Црвен крст од Охрид