Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 21 септември (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населба „Билјанини Извори“.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.
Минатонеделната акција која се спроведе во централниот дел на градот помина со одличен одзив и беа подигнати 8 м³ кабаст отпад.