Градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски денес оствари средба со претседателот на Економскиот Совет Крсте Нелоски во неговата фирма МЕЛИН.
На средбата беше разговарано за работата на Локалниот Економски Совет и беа согледани повеќе идеи за развојот на Општина Дебарца, пред се во поддршка на индустријата, земјоделието и развојот на руралниот туризам.