Во вторник се навршуваат пет години од трагичната сообраќајна несреќа во која во близина на превојот Буково загинаа Влатко Пантовски – Дџ Пантер и Наумче Аврамоски – Дџ Бруце од охридското Супер радио.
Во чест на двајцата вљубеници во музиката и брзините, членовите на мото клубот „Мото Охрид“ денес ќе ја возат рутата од Охрид преку манастирот „Бигорски“ и преку Кичево повторно до Охрид.
Тие претпладнево тргнаа од пред вечното почивалиште на своите другари и колеги на Градските гробишта во Охрид.
И оваа година охридската медиумска заедница не ги заборава своите колеги. Супер радио во вторник ќе ја прилагоди својата програма во спомен на своите пријатели и колеги.
извор: Инпрес / фото: архива