Пилотот на еден мал едномоторен авион поради механички дефект бил принуден да слета на главниот пат во Чикаго, во близина на Грант паркот, каде за среќа сè се завршило без несакани последици.
Пилотот Џон Педерсон изјави дека за време на летот пукнал еден витален дел, поради што авионот почнал да се тресе и постоела опасност од негово распаѓање во воздух. Тој се одлучил да слета на автопатот бидејќи сметал дека тоа е единствениот начин тој да преживее.
Според изјавите на очевидците, оваа случка била како на филм, се одвивала многу брзо. Според полицијата, ова слетување можело да има фатални последици, бидејќи два автомобили едвај успеале да го избегнат авионот кој ненадејно слетал пред нив. За среќа и тие и авионот успеале безбедно да застанат.