Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите на с.Горенци

Градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски, синоќа оствари средба со жителите на с.Горенци. На средбата од страна на градоначалникот Трајкоски жителите беа запознаени за активностите кои општината конкретно ги презема за с.Горенци како и за другите активности во општината. Меѓу другото тие беа запознаени дека за с.Горенци се работи инфраструктурен проект за канализациона мрежа за самото село со што би се решил проблемот со септичките јами.

Од страна на жителите беше поздравена постапката за канализацијата, но меѓу другото беше побарано да се доасфалтираат тампонираните улици, да се изгради спортско игралиште, да се подобри јавниот превоз како и да се реши снабдувањето со електрична енергија каде што едниот трансформатор не е во функција неколку месеци за ситен дефект, а од страна на ЕВН Македонија сеуште не е отстранет дефектот.

GradonacalnikTrajkoski_Gorenci02