Делегација на Општина Охрид и претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ положија цвеќе пред спомен обележјето на НОБ

По повод 11-ти Октомври- денот на народно ослободителното востание,  Делегација на општина Охрид, и претставници на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо  цвеќе пред спомен обележјето од НОБ кај градскиот парк. Цвеќе беше положено и пред спомен бистата на Петре Пирузе – Мајски во дворниот простор на Основниот суд во Охрид.

Во рамки на одбележувањето на 11 октомври вчера во големата сала во општинската зграда се одржа пригодна свеченост по што градоначалникот Никола Бакрачески и Министерот за труд и социјална политика свечено ја отворија детската градинка во други просторни услови во село Лескоец.