Најмалку 14 лица загинаа, додека пак повеќе од 50 се водат за исчезнати по силниот тајфун кој ја погоди Јапонија. Предизвикани се и лизгања на земјиштето, а над 350 куќи се уништени, а сеуште е рано за проценување на штетите.
Најсилен удар претрпе островот Изу Ошима, 120 километри јужно од Токио. Спасувачките екипи поголемиот број од настраданите ги извлекле од под урнатините.
Во рок од 24 часа наврнале 80 сантиметри кубни дожд, што претставува рекорд од 1991 година. Брзината на ветрот достигнала дури и до 126 километри на час.