Најголемата тиква на светот, тешка 922 килограми, ќе биде претставена во Њујорк, каде што вајарот Реј Вилафејн веќе почна да ја обработува за „Ноќта на вештерките“.
Џиновската тиква, која е одгледана во долината Напа во Калифорнија, ќе биде главна атракција на „проклетиот парк“ кој овој викенд ќе биде отворен во њујоршката Ботаничка градина, по повод празникот кој го следат забави со костими, хорор филмови и приказни.
Вилафејн објасни дека со денови работи на „проклетиот парк“ на кој ќе бидат изложени разни тикви претворени во огромни месојадни растенија и хорор суштества. Неколку од изложените тикви-скулптури се тешки и над 500 килограми.
„Ноќта на вештерките“ во САД се слави на 31 октомври, а оваа ботаничка градина во Њујорк се очекува само за време на овој викенд да ја посетат над 150 илјади лица.