„Како лојални граѓани на Р.Македонија, за нас, Македонските Египќани, Денот на Македонската Револуционерна Борба, е светол ден, имајќи го во предвид фактот, дека во идеалите на Четрите златни букви В.М.Р.О. се длабоко врежани имињата на многу Египќани, кои на овие простори се уште пред 13 век п.н.е.
Имаме аманет вековен, од генерациите Египќани, кои учествувале како логистика во формирањето на Македонската Револуционерна Организација, како поддржувачи на идеалите на формирањето на оваа Организација. Овој датум, претставува симбол за борба за слобода, независност, во време кога немало македонска држава, во едни мошне тешки услови, сепак автохтоните Египќкани, не се поколебале да бидат дел од Македонската Револуционерна Борба.
Токму затоа, дозволете ни, да го честитаме овој светол ден, на сите граѓани на Р.Македонија, со искрени желби за просперитет на државата Р.Македонија, на сите полиња, благосостојба, мир, просперитет, взаемно почитување, толеранција и посветеност на патот кон влез во ЕУ и НАТО, како едни од приоритетните цели на нашата заедничка држава Р.Македонија, бидејќи Македонија ни е се што имаме“, истакнуваат во честитката, меѓу другото, од НВО „Коалицијата на Египќаните“ во Македонија.