Еден активист на „Greenpeace“ денес висејќи два часа на Ајфеловата кула протестираше и ја повика Владата во Москва да ги пушти на слобода 30-те активисти на „Greenpeace“ кои повеќе од еден месец се во затвор во Русија, поради протест против вадење на нафта на Арктикот.
Тој се искачи и седејќи на платформа обесена на Ајфеловата кула, истакна голем натпис „Ослободете ги арктичките 30“. По два часа, од страна на противпожарните служби активистот беше симнат без инциденти.
28 членови на „Greenpeace“ и двајца новинари беа уапсени во септември откако се обиделе да се качат на една нафтена платформа во руските води на Арктикот. Првото обвинение против нив беше поради пиратство, но минатата недела обвинението беше ублажено и сега се обвинети за хулиганство, поради што во Русија може да се добијат седум години затвор.