Австриската полиција трага по сторителите, но исто така бара и очевидци за несекојдневната кражба на огромна количина на трева од полето на еден земјоделец. Кражбата се случила во близина на селото Либенфелс, околу 200 километри југозападно од Виена.
Полицијата соопшти дека украдената трева чија вредност се проценува на околу 3000 евра, исчезнала изминатите 2-3 недели, а откако сопственикот го забележал тоа, се решил кражбата да ја пријави во полиција.