Како дел од своите хуманитарни активности, членовите на Клубот на млади на Црвен крст Охрид по повод „Halloween“ (Ноќта на вештерките) организираат хуманитарна забава под маски која ќе се одвива во ноќниот клуб ХАРЕМ, денес, 01 ноември (петок), од 21:00 часот.
Добредојдени се сите хумани луѓе, без разлика на возраста, кои сакаат да се забавуваат и уживаат во креативноста на младите и на тој начин да ги помогнат хуманитарните активности на Црвениот крст.
Цената на влезницата во која е вклучен и еден пијалок чини 100 денари.