Доделени хуманитарни пакети на Здруженијата на лица со хендикеп „Добротољубие“ и „Зраци“

Во рамките на своите активности, Црвениот крст од Охрид денеска ги посети Здруженијата на лица со хендикеп „Добротољубие“ и „Зраци“. Имено, за потребите на овие две здруженија охридскиот Црвен крст им донира хуманитарни пакети, прехранбени прозводи кои беа собрани во акцијата за Недела на борба против гладта. Хуманитарните пакети им беа доделени во Црквата „Св.Ѓоргија“ и во ОУ „Братство Единство“.

Исто така со поддршка на екипа од Центарот за Јавно Здравје – Охрид беше извршена бесплатна вакцинација против сезонски грип, со вакцини обезбедени за ранливите категории од страна на хумани граѓани.

Humanitarni_Paketi_ (1) Humanitarni_Paketi_ (3) Humanitarni_Paketi_ (4)

Humanitarni_Paketi_ (5) Humanitarni_Paketi_ (6) Humanitarni_Paketi_ (7)