Екипите на „Јавна хигиена“ есенскиов период со зголемен ангажман го подигаат паднатиот лист од јавно-прометните површини. Дневно се собира и подига околу 15 м³ непресуван лист од градскиот парк, коловозите и тротоарите во централните и периферните делови од општина Охрид, кој потоа се транспортира во расадникот, каде истиот се компостира.
Заради неповолните временски услови во изминативе два дена и засилениот ветар од јужен правец, езерските води по градскиот кеј исфрлија големи количини окрек, реса и друг вид отпад. На расчистувањето ќе се работи во наредните три дена бидејќи, според првичните проценки, треба да се подигне околу 50м³ отпад.