Со пригодна свеченост одбележан Денот на ослободувањето на Охрид

По повод 7-ми ноември, денот на ослободувањето на Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески,  денес претпладне во својот кабинет ги прими претставниците  од Сојузот на борци и учесниците во ослободувањето на градов.

Во рамки на одбележувањето на празникот, во големата сала при општината се одржа  историски час  и пригодна свеченост проследена со музички настапи на членовите од Здружението на   пензионери  и “Распеаните герданчиња“. Случувањето го следеа Градоначалникот Бакрачески и други претставници од Општината и Советот, членовите од Сојузот на борци и претставници на охридските јавни претпријатија.