Секоја година на 12 ноември се бележи Светскиот ден на борба против пневмонијата, со цел да се подигне свеста за пневмонијата како болест, како и да се преземат мерки за соодветна заштита.
Пневмонијата е најголема причина за смртноста на децата под 5 години, а ги погодува неразвиените области. Во 2012 година од пневмонија починале 1,1 милион деца, од кои повеќето од нив биле помали од 2 години.
Оваа година, Светскиот ден на борба против пневмонија е фокусиран на изнаоѓање на иновативни решенија со што би се ставил крај на пневмонијата кај децата. Истовремено се укажува за потребата од основни интервенции кај најранливите категории.
Пневмонијата е инфекција на белите дробови која може да биде предизвикана од било кој организам за кој се знае дека може да предизвика инфекции кај луѓето. Тука спаѓаат бактериите, амебите, вирусите, габите и паразитите.
Во Соединетите Држави, пневмонијата е шестата болест по степен на појавување која може да резултира во фатален исход; секоја година 2 милиони американци добиваат пневмонија, а 40,000-70,000 умираат како последица од оваа болест. Пневмонијата исто така претставува најчеста инфекција со фатален исход како крајна фаза кај некои пациенти кои се веке интернирани од друго заболување. Во развиените земји, пневмонијата се врзува со дијареата и во таа комбинација претставува најчеста причина за смртност. Дури и во случаите кои не завршуваат фатално, пневмонијата претставува значителен економски товар на здравствениот систем.
WebOhrid