Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 09 часот и 35 минути се случи на булеварот „Железничка“ во Охрид.
Цветко С. (61) од Охрид им подлегнаа на повредите по тешките телесни повреди здобиени од удар на патничко моторно возило марка „Пежо 207“ со охридски регистарски таблици управувано од В.Н. (24) од Охрид. Истиот со возилото се движел по булеварот „Железничка“ кон улицата „15 корпус“. По незгодата, со здобиени тешки телесни повреди, сега починатиот Цветко С. итно бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде по кратко време им подлегнал на повредите.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот на необележан пешачки премин ја преминувал коловозната лента од едната на другата страна.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија, јавен обвинител, овластен сообраќаен судски вештак како и полициски екипи од станицата за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Врз патничкото моторно возило е извршен вонреден технички преглед. За време на увидот, сообраќајот на булеварот „Железничка“ се одвиваше по една коловозна лента.