Словенечката полиција бара затвореник кој побегнал од судењето, претходно заклучувајќи го судијата и останатиот судски персонал во салата за судење.
Осудениот, кој издржувал две и пол годишна казна затвор поради тешка кражба и трговија со дрога, побегнал од Судот во Љубљана на почетокот од доказната постапка.
Бидејќи му биле извадени лисиците од рацете и нозете, тој побегнал, претходно заклучувајќи го судијата, записничарката и двајца полицајци, кои изненадени не успеале навремено да реагираат.