Интензивно се гради новиот плоштад во Охрид

На просторот каде порано се наоѓаше градската библиотека, изминативе денови интензивно се гради нов модерен плоштад. Денеска на лице место беше и раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот и координатор на Секторот за урбанизам Зоран Рафтоски.

„На овој простор, каде порано се наоѓаше старата градска библиотека, сега ќе никне нов, модерен плоштад кој со својот квалитет и изглед ќе биде рамо до рамо со плоштадите од европските метрополи од ваков ранг. Моментално се подготвува подлогата, односно извршено е тампонирање за да можат да се постават високо квалитетните гранитни плочки во комбинација со камен. Се поставува електрична инсталација за подното светло и канделабрите, а ѕидините ќе бидат осветлени со илуминати кои ќе го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови што ќе го нуди овој плоштад. Исто така ќе бидат поставени и клупи за одмор“. – изјави Зоран Рафтоски.

Ова претставува само еден дел од програмата на секторот за урбанизам која ја реализира. И во иднина ќе следат вакви и поголеми проекти за разубавување на градот.