Во три верижни судири, кои се случија во западна Белгија, во услови на густа магла, се судрија околу 100 автомобили и камиони. Најмалку едно лице го загуби животот додека пак 54 се повредени. Пет од нив се во критична состојба, 11 се со потешки повреди, додека пак 38 се полесно повредени.
Во акцијата за спасување и укажување на помош врз повредените, поради густата магла, беше оневозможена интервенција со хеликоптер.
Судирите се случија на три локации на автопатот А19 кој го поврзува Кортријк со Ипрес.