Синоќа за прв пат, празнувањето на Свети Климент Охридски доби уште една нова содржина. По уметничките перфоманси во националните установи, библиотеката „Григор Прличев“ и фестивалот „Охридско Лето“, поголема група граѓани, претставници на Општина Охрид и гостите од збратимените и пријателски градови, се упатија во црквата на Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник.
Поворката имаше своеврсна духовна порака на сплотување и почит кон светецот, а минувањето низ улиците на стариот дел на градот, на настанот му даде романтична слика од некои дамнешни времиња.