Во Охрид успешно се реализира акцијата за намалување на социјалниот ризик, „Се грижиме за топол дом“, што Министерството за труд и социјала ја реализира со охридската Локална власт и со Центарот за Социјални работи.
Од нејзиното започнување на 14 август до 11 декември годинава се реализирани над 40 донации. Акцијата продолжува и во наредниот период. Општина Охрид апелира до сите граѓани кои имаат вишок на предмети да ги донираат на социјално загрозените семејства. За таа цел можат да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 800, или на e-маил адресата donacija@mtsp.gov.mk или лично да се обратат во надлежните Центри за социјална работа и/или во седиштата на Црвениот Крст на Република Македонија.
Со Акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ“ ќе се намали социјалниот ризик од социјално исклучување на граѓаните на државата во задоволување на основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго. Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку 30 Центри за социјална работа во Република Македонија, односно остваруваат одредени права согласно со Законот за социјална заштита и претставува можност за доближување на системот до социјално ранливите групи во вистинска смисла на зборот. Донираните средства треба да бидат функционални и употребливи (покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго) и ќе бидат наменети за корисниците на социјална заштита и смејствата кои немаат доволно средства за да си обезбедат мебел,покуќнина и сл.
Социјално загрозените лица коишто примиле односно ќе примат одредена донaција, нема да бидат услужени со иста таква во наредните три години.