За неколку дена на градскиот плоштад во непосредна близина на споменикот на Св. Климент ќе биде ставено во употреба лизгалиштето на мраз. Истото е подарок на австриска фирма за Општина Охрид, има димензии од 350 метри квадратни и ќе има комерцијален карактер. Проектот е дел од новогодишните подготовки што во пресрет на празниците ги организира локалната власт.
„Во монтирањето на лизгалиштето вклучени се сите јавни претпријатија. Игралиштето кое е прво од ваков тип се поставува со цел охриѓани, а и гостите кои ги очекуваме за новогодишните празници да се анимираат да го посетат градскиот плоштад. Локалната власт, за сите љубители на овој спорт за време на зимскиот распуст ќе организира бесплатни часови по лизгање, а ќе се издаваат и лизгалки за мраз. Лизгалиштето ќе работи секојдневно до крајот на месец јануари односно до оној момент до кога тоа го дозволуваат временските услови“, изјави раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.
Деновиве привршува и новогодишното украсување во центарот на Охрид, кое ќе биде многу поразлично од минатите години.