Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Општина Охрид ќе избира најубаво украсен новогодишен двор на целата територија од општината. Граѓаните кои ги украсуваат своите домови, можат да се пријават на конкурсот, што ќе трае од 20–27 декември 2013. Комисија од Локалната самоуправа ќе ги посети сите апликанти, а резултатите и наградите за најдобрите ќе бидат објавени по новогодишните празници.
Повеќе информации: КОНКУРС