Најмалку 80 лица се повредени од кои седум тешко кога се срушил дел од кровот во Аполо театарот во Лондон, за време на театарска претстава.
Најпрво се добил впечаток дека паднал дел од балкон, но подоцна е утврдено дека станува збор за плафонот, кој паднал во полната сала во која се наоѓале 720 гледачи.
Противпожарните служби изјавија дека успеале да ги извлечат сите кои останале заробени во театарот, а се работи на утврдување на причините за рушењето на кровот.
Зградата била изградена во 1901 година.