Општина Дебарца склучи договор со агенцијата за катастар и недвижности на Република Македонија и започна со издавање на имотни листови. Цената за истите изнесува 125 денари плус административна такса 50 денари, односно вкупна сума од 175 денари.
Со ова на жителите од општината им се олеснува процедурата за добивање на имотен лист.