Планинарските подвизи на Сашко Кедев претставени во документарен филм

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев е единствениот Македонец што ги освои највисоките планински врвови на седумте континенти и тој овој свој подвиг го смести во еден видеоматаријал кој синоќа го промовираше во Музејот на македонската борба.

Со искачувањето на сите седум највисоки врвови Кедев завршил во 2010 година.

„Овој проект го завршив за неполни три години. Тој ми ја изостри концентрацијата и ми го избистри погледот да расчистам со тривијалноста на секојдневието. Најважна е чистата мотивација и посветеност, вклучувајќи ја и физичката подготвеност“, – изјави познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев.

Кедев се искачи на Монт Еверест, највискиот врв во светот (8.848 метри), на Аконкагва (6.961), Манили (6.194), Килиманџаро (5.895), Елбрус (5.642) и Пунџак Џаја (4.884).

Kedev_prezentacija_planinarenje2