Најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид е украсен и подготвен за дочек на Новата 2014 година. Градот блеска во новогодишен сјај. Целосно украсени со светлечки реквизити се Градскиот плоштад и чаршијата.
На Градскиот плоштад блеска и новогодишната елка, во златна боја. Поставени се светлечките топки на раскрсницата кај Охридска Банка, а украсени се и периферните улици во градот. Имено, годинава украсувањето на градот е збогатено со нови новогодишни реквизити, а се користат и минатогодишните.
Како што претходно објавивме, покрај разубавувањето односно украсувањето на градот, интенција на Локалната власт е да внесе содржини од забавниот и рекреативниот живот, со цел Охрид од година во година да биде се попривлечна и поатрактивна дестинација за домашните и странски гости кои новогодишните празници ќе ги прославуваат кај нас. Почетокот е предвиден за 21 часот со настапот на Викторија Лоба и Ламбе Алабакоски. Од 22:30 до 24:00 часот ќе настапуваат Наум Петрески, Зуица Лазова и Анастасија Петреска кои ќе пеат во придружба на оркестарот на групата „Синтезис“. Во најлудиот период од 00:00 до 00:30 часот ќе настапи оркестарот Агушеви.
За новогодишната програма Општина Охрид издвои 15 000 евра. Новогодишната ноќ ќе биде збогатена со спектакуларен огномет.
Од Општина Охрид најавуваат богата програма и за Божиќ, Стара Нова година и Водици.
WebOhrid