Во 2013 убиени најмалку 70 новинари

Најмалку 70 новинари се убиени во 2013 извршувајќи ги работните обврски ширум светот, вклучувајќи 29 новинари од Сирија и 10 од Ирак, се наведува во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите, со седиште во Њујорк.

Поголемиот дел од нив се новинари кои известувале од подрачјата во кои што живееле. Голем број новинари загинале додека известувале за време на судири, но во неколку земји новинарите ги загубиле животите бидејќи пишувале за чувствителни теми, како што се неправилности во работењето на полицијата, политичка корупција или трговија со наркотични средства. Дел од тие земји се Бразил, Колумбија, Филипини, Индија, Русија, Пакистан и Бангладеш, соопшти Комитетот.

За прв пат во последните 10 години, ниту еден новинар не е убиен во Мексико.

Комитетот сеуште разгледува погубување на уште 25 новинари во 2013 година, кои не се вклучени во билансот од 70 загинати.