Во текот на 52-рата недела од 2013 година (од 23.12 – 29.12.2013 година), во Република Македонија, од вкупно 31 извештајна единица, 14 пријавиле 231 лице со симптоми на грип, на групни пријави за заболени од грип.
Во споредба со бројот на заболени за 52-рата недела од минатата сезона (88), се бележи зголемување за 2,6 пати, а во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (65), се регистрираат 3,6 пати повеќе заболени лица.
Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 52-рата недела, изнесува 977 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.
Во споредба со истиот период минатата година (597), постои зголемување на вкупниот број на заболени лица за 63,7%, а во однос на просекот за истиот период во последните 10 години (251), зголемувањето на бројот на заболени во оваа сезона е скоро за 4 пати.
Заболените се пријавени од 23 ЦЈЗ/ПЕ (извештајни единици), но дури во 14 единици бројот на заболени што е регистриран е помал од 10 за целиот период до 52-та недела. Досега 8 ЦЈЗ/ПЕ не пријавиле ниту еден случај на грип/заболување слично на грип.
Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, укажува на тоа дека во месец декември има пријавено најголем број на случаи со симптоми на грип (606 случаи, 62%) во однос на претходните два месеци од почетокот на сезоната. Најголем МБ во оваа сезона е регистриран во ПЕ Пехчево (40,5/10.000), а најголем број на заболени (242) се регистрирани на територијата на ЦЈЗ Тетово.
Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години (545), а најголем МБ (12,2/10.000 жители) кај најмладите – децата до 4-годишна возраст:
Во текот на 52-рата недела, пристигнати се два материјали за тестирање во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ и двата се негативни. Од почетокот на сезоната 2013/2014, во оваа лабораторија се пристигнати вкупно 23 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 6 или 26,1% биле тестирани позитивни на вирусот на инфлуенца А/H1.
Бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во Македонија бележи континуиран пораст и се очекува овој тренд на пораст на активноста на вирусот на грип да се одржува во наредните недели и месеци.