Советникот на Општина Охрид Кујтим Усеини, упатува честитка до граѓаните од христијанската вероисповед по повод верскиот празник – Божиќ до своите сограѓани.
„Драги мои сограѓани од христијанска вероисповед, Ви го честитам Божиќ, со желби за здравје и напредок, да продолжиме заеднички со божја помош нашиот убав Охрид да го развиеме во пример на меѓусебно верско и политичко почитување.
Нека е честит празникот и за многу години.“ – стои во честитката од советникот Кујтим Усеини.