ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод Рождеството Христово – Божиќ

Деновите на среќа и радост се денови на семејно обединување и заеднички  мигови.

Деновите кога се дарува и подарува се момент на грижливост и почитување кон традициите, кон своите блиски, кон своите  сограѓани.

Рождеството Христово е празник на вербата, надежта, празник на иднината.

Нека Бог биде во секој дом ,за да донесе мир, среќа, радости, благосостојба, позитивна енергија и верба во подобро утре.

На сите православни христијани им го честитаме Рождеството Христово – Божик со желби за напредок, добра мисла и меѓучовечко почитување и добрина.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид