Со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во петок на 17-ти јануари, започнува прославата на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.
Градоначалникот Никола Бакрачески кој годинава е еден од кумовите на манифестацијата, изјави дека подготовките за случувањето се при крај.
„На 18-ти јануари во ЦК „Григор Прличев“ концерт ќе одржи Културно Уметничкото Друштво „Танец“ или хорот „Св. Злата Мегленска“. На 18-ти и 19-ти јануари предвидена е богата програма во која е предвиден настап на познати охридски тајфи. Се надевам дека понудената програма ќе биде привлечна за гостите, домашните и странски кои годинава очекуваме да бидат најбројни“, – рече градоначалникот Бакрачески.
Од Општина Охрид, годинава за најмасовниот христијански празник Богојавление – Водици, празничната програма ја распределија на повеќе денови од 17-ти до 20-ти јануари.