По повод 19 јануари, празникот Богојавление-Водици,недела света архиерејска литургија ќе има во црквата Света Богоридица-Каменско, со почеток во 8 часот.
Света василиева литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8 часот.
Во Плашкиот манастир Свети Климент и Пантелејмон нема да има богослужбатој ден.
Во 10 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро.