Ротари клуб Охрид ќе донира медицинска опрема за одделот Педијатрија при општата болница

Како резултат на многу успешната меѓусебна соработака со Ротари клуб Охрид, во ЈЗУ Општа болница ќе се реализира уште една нивна донација во висина од 45.519,00 евра, информираат од општата болница. Донацијата ќе биде во вид на медицинска опрема за одделот Педијатрија и ќе се состои од:

1.ЕХО апарат со две сонди (кариолошка и педијатриска)
2.ЕКГ
3.Микроскоп
4.Пулсоксиметар (2 бр.)
5.Спирометар (4 бр.)
6.Инфузомати (4 бр.)
7.Оксигенометар (2 бр.)
8.Инхалатор (4 бр.)

Во тек се сите законски постапки за набавување на опремата. Со добивањето на ова како што велат од ЈЗУ Општа болница многу ќе се подобрат условите на давање на здравствените услуги кај децата.