Во југоисточните делови од Австралија, каде температурата надмина 40 степени целзиусови, беснеат пожари, а при нивното гаснење повреден е еден пожарникар. Поради силниот ветер, гаснењето на пожарите од воздух е оневозможено.
Противпожарните служби изјавија дека околу 37 пожари беснеат без контрола, претставувајќи закана за населбите од предградието на Мелбурн. Во соседниот Нов Јужен Велс беснеат околу 50 пожари.
Тие истакнуваат дека ова е најлоша состојба со пожарите од 2009 година кога во Викторија загинаа 173 лица, а беа уништени повеќе од 2000 куќи во само еден ден.
Според нив, и сега има уништени куќи, но нивниот број не е утврден.