При силна ерупција на вулкан на планината Келуд на индонезискиот остров Јава, загинаа најмалку две лица, а наредена е евакуација на околу 200 илјади лица кои живеат на 10 километри пречник од кратерот. Вулканот почнал да исфрла вжарен пепел и камења, што предизвика паника на локалното население.
Вчерашната ерупција се случила само еден час и половина откако локалните власти го зголемиле нивото на опасност на највисок степен. Тие соопштуваат дека мали се шансите за уште една силна ерупција, а сеуште има потреси околу кратерот.
При ерупција на овој вулкан во 1990 година загинаа 30 лица, додека пак повредени беа околу 100 лица. Во 1919 година, при силна експлозија на овој вулкан, загинале над 5160 лица.
Вулканот на планината Келуд е еден од 130-те активни вулкани во Индонезија.