Царинската управа и СИЗ Македонија сообраќај-АМЕРИТ заедно се вклучени во постапката на издавање и проверка на TIR карнети. Во оваа заедничка активност, АМЕРИТ се јавува во својство на национален гарант и издавач на TIR карнети, а Царинската управа проверува дали транспортните компании ги исполнуваат условите за нивно издавање.
Со овој Анекс, АМЕРИТ обезбедува дополнителна гаранција со која се овозможува наплата на евентуално избегнатите давачки до износ од 60 илјади евра, наместо до 50 илјади долари како што беше досега.
За економските оператори и превозници ова значи дополнителна можност бидејќи ќе можат под покритие на TIR системот да превезуваат стока со повисока вредност од досегашната, односно стока за која пресметаните давачки се во висина до 60 илјади евра. Се очекува ова да овозможи дополнително олеснување особено за извозно-ориентираниот сектор.