Јапонија ја зафати снежна бура при што загинаа три лица, а повредени се 850 лица.
Во прекин се сите видови на сообраќај. Возачите тешко се пробиваат низ улиците од градовите, а откажани се околу 628 летови, од кои повеќето се локални линии. При судир на два возови, повредени се 19 лица.
Околу 187 илјади домаќинства останаа без електрична енергија, додека пак метеоролозите предвидуваат нови врнежи од снег на истокот од земјата.