На 21.02.2014 година во 17,10 часот над с.Заграчани –Струга, на м.в.„Мајас Спаси“, по предходна пријава на граѓанин, од страна на ПС од ОНТДО под лимена врата, пронајдена е една автомаска пушка со сер.бр. 10264628 (на затваорач сер.бр. 64628) и вграден бајонет, една празна рамка и 40 куршуми со кал. 7,62 мм, завиткани во хартија.Предметите се фотографирани и подигнати од лице место, и истите се предадени за вештачење во ОКТ на МВР.За настанот е известен ЈО при ОЈО-Струга. ПС-Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот.