Ќе никнат 40 нови зелени катчиња на повеќе локации во градот

По барање на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ дефинираа нови 40 локации за парковски решенија кои ќе бидат застапени во сите урбани заедници на општината. Желбата за чиста, здрава и зелена околина сега ќе им биде на дофат на сите граѓани преку оформувањето на овие катчиња во нивните дворови, населби и најблиската околина.

„Во првата фаза би ги издвоиле следните локации: просторот околу Маларична, околу Т.Ц.„Гранит“ на „Булевар Туристичка“, кај поранешниот т.н. „Мини-маркет“, пресек „Булевар Туристичка“ и „Даме Груев“ кај „Тренд“, влез „Проаква“, „Никола Карев“, влез Горна Порта, Сараиште, Саат Кула, поранешен наплатен центар на МРТ, во с.Пештани кај рибниот ресторан, с.Лескоец, с.Велгошти кај училиштето и градинката, просторот наспроти Противпожарната единица, социјалните згради на „Сирма Војвода“, инфо центарот на „Булевар Туристичка“, пресек „Пере Тошев“ и „Булевар Туристичка“, дворови на училиштата, „Парк на пријателство“, „Скејт Парк“, „Мазија“ и др.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Денес е предвидено да биде завршено хортикултурното решение на парковскиот дел пред зградата „Ремис„ (позната како „кифла„). Тревниот простор е обработен и уреден, а засадени се 7 палми и 100 ружи.

ZeleniKatcinja01