Во наредните два работни денови, по барање на Локалната самоуправа, ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја реализира акцијата за уредување и расчистување на поширокиот зелен појас околу Спортско- рекреативниот центар „Билјанини Извори“, каде треба да се отстранат сите жбунови, трње и да се подигне расфрланиот комунален отпад.
По иницијативата на локалната самоуправа за формирање нови 40 зелени катчиња, наредниве денови стручните служби на Охридски Комуналец ќе ги уредуваат зелените катчиња на ул. „Никола Карев“ и дворот на ОУ „Климент Охридски“.