Во рамки на 8-мо мартовските празнувања, заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев ги посети жените – членки на Здружението на телесно инвалидизирани лица од градов. Со желби за добро здравје, среќа и успеси тој им подари цвеќе и укажа на нивната важна улога и допринос во градењето на општествениот живот.
Заменик градоначалникот Јанев, потенцира дека Локалната самоуправа има слух и секогаш ќе излегува во пресрет на решавање на проблемите со кои се соочуваат овие категории луѓе.