За време на постот сексот е табу тема, па поради тоа меѓу народот се присутни мноштво заблуди и предрасуди по ова прашање, пишува српскиот интернет портал „Телеграф“.
За верниците од православвероисповест завчера почна велигденскиот пост и ќе трае се’ до 20-ти април кога се прославува празникот Воскрение Христово. За време на постот, покрај воздржувањето од тешка храна, според правилата, неопходно е и воздржување од секс.
Според Светото писмо, сексуалните односи во постот не се забранети, но не се ни пожелни, но ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е „да се подадат еден на друг отколку само на тоа да мислат.“
Сепак, кога е во прашање водењето љубов за време на големи постови различни свештеници имаат различни ставови.
„Ако строго се држиме до правилата, тогаш во пост сексот е забранет, дури и во брак. Сепак, некој верничка може да се обрати до својот свештеник во парохијата и да побара да ја разреши од тој дел од постот, а тој може да го направи тоа, ако да речеме, постои можност дека сопругот ќе ја остави поради тоа“, вели верскиот аналитичар Живица Туциќ.
Од друга страна, во Црквата постои една фракција која смета дека кога двајца се сакаат, тоа само може да го слави Бога. Љубовта тогаш се слави низ боженствена трпеза Агапа и не претставува грев телесно да се остварува љубов, особено кога овие двојки кои се посветени еден на друг низ брак благословен од Црквата.
Но, и тие се согласуваат дека сексот без љубов, прељубата, разни перверзии како и мастурбација не се богоугодни работи, особено не во период на големите одрекувања.
Сепак, сите се сложуваат во едно. Во вечерта пред причесната, би требало да се воздржуваат од секакво јадење и пиење, но и сите други телесни задоволства и времето да го посветат на медитација и молитва. Се’ на се’, на Велики петок и Велика сабота, па се’ до причесната на литургија, водењето љубов никако не се препорачува.
Извор: Нет Прес