По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел од градот, на која беа изнесени нивните проблеми од областа на инфраструктурата, денеска охридските јавни претпријатија „Градски гробишта“ и „Ниско градба“ започнаа акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот.
Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата „Коста Абраш“ до црквата Св.Софија при што ќе се преуредуваат коцките од калдрмата таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно ќе се уредува.
Паралелно со активностите на улицата „Коста Абраш“ се врши санација на оштетувањата и на улицата „Цар Самоил“ по што ќе се санираат и оштетувањата на сите останати улички во стариот дел на Охрид.