МОН: Изградени 36 спортски сали, 15 се во фаза на градба

Триесет и шест нови спортски сали се изградени преку проектот на Министерството за образование и наука за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали кои, покрај ученици, ги користат и жителите на општините.

„Во изминатите неколку години се изградени комплетно нови 36 спортски сали, поголеми или помали во зависност од моделот и од локацијата. Петнаесет се во градба и се очекува во следниот период да бидат завршени“, изјави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој нагласи дека се работи за еден од капиталните и најзначајни проекти на Владата, во кој досега се инвестирани приближно 1.186.000.000 денари.

„Директен бенефит од изградбата на салите имаат 35.000 ученици. МОН ќе продолжи и натаму да ги гради, паралелно со проектот што го реализира Агенцијата за млади и спорт за изградба на дополнителни 35 спортски сали“, додаде Ристовски.